"The stage is not merely the meeting place of all the arts, but is also the return of art to life." - Oscar Wilde
 
„Ладало“ гостува во Кавадарци
(07 ное 2008)

Со претставата „Ладало“ од Карло Голдони, а во режија на Коле Ангеловски, на 26 Ноември НУ Драмски театар - Скопје ќе гостува на манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2008“ во Кавадарци. Претставата ќе се одигра во Домот на културата „Иван Мазев -Климе“ - Кавадарци, со почеток во 19.30 часот.


 
„Кинегонда во Карлаленд“ - започнаа подготовките за новата претстава
(07 окт 2008)

Новиот проект на Драмскот театар, претставата „Кинегонда во Карлаленд“ од Венко Андоновски, во режија на Сашо Миленковски, тематски и стилски произлегува од, и се надоврзува на, текстот Кандид во земјата на чудата, кој се уште се наоѓа на репертоарот на Драмскиот театар. Тие два текста можат да се сметаат за еден вид текстови "близнаци", бидејќи се служат со истите главни ликови (Кинегонда, Кандид и Доктор Панглос), но ги поставуваат во две различни средини и две различни културни ситуации. Главните улоги ги толкуваат Драган Сапсов – Дац, Биљана Беличанец Алексиќ, Бранко Ѓорчев, Јелена Жугиќ, Роберт Вељановски, Рубенс Муратовски, Дејан Лилиќ, Зоран Љутков и Сашо Тасевски. Премиерата на претставата се очекува да биде во средината на месец Ноември.


 
Драмски театар ја започнува сезоната
(19 сеп 2008)

Со претставата „Умри машки“ со Јелена Жугиќ, Бранко Ѓорчев и Драган Сапсов – Дац, од Алдо Николај и во режија на Коле Ангеловски, на 23 Септември, Драмскиот театар ја започнува театарската сезона која најавува богат и интересен репертоар. Токму со обновувањето на „Умри машки“ која после 10 години повторно се поставува на репертоарот со иста актерска екипа, Театарот го најавува концептот на оваа сезона во која се планирани изведби на претстави премиерно поставени во минатата сезона, како и обновени претстави од богатиот репертоар на Драмски тетатар.

 


 

 

    Пребарување
         
Најава
 
   
Корисник
Лозинка
    
Нов корисник  
Ја заборавивте лозинката?
   
         
Анкета
 
  Дали ви се допаѓа новиот дизајн на сајтот на Драмски Театар Скопје
   
    Да
    Не
   
         
 
   Примете ги последните новости од
   Драмски Театар
         
 
 

Powered by Net Consulting & Solution
Copyright © Dramski Teatar Skopje, 2008